Дома Македонски спорт Столе: Кога Кире е тука се е добро, кога го нема не оди – така не се игра на Светско пвенство

Столе: Кога Кире е тука се е добро, кога го нема не оди – така не се игра на Светско пвенство

Македонија вчера после голема борба доживеа пораз од Исланд и со тоа не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 12 репрезентации на Светското првенство.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Одново игравме одлично прво полувреме, а потоа паднавме во второто, а Столе Стоилов се обиде да посочи зошто доаѓало до пад во играта.

„Сигурно дека сме разочарани, кога се ќе се погледне одигравме добар натпревар. Ракомет се игра 60 минути, а не едно полувреме, така не се победува ривал како Исланд. Не може да играме добро само кога Кире може да промени нешто, така не се игра на Светското првенство. На таа брза страна со Кире можеме да играме со секого, но на другата каде што го нема имаме проблеми и не успеавме да ги надминеме. Тоа е што е, имавме шанса да се вратиме но не ја искористивме, Исланд заслужено победи“, изјави Стоилов.

Македонија сега утре од 13:00 часот игра против Русија во разигрувањето од 13-тата до 16-тата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Пелистер го има голот на сезоната во ЛШ! (Видео)

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го избра најатрактивниот погодок во Лигата на шампио…