Дома Трансфер зона Стигна првата понуда за Анчелоти и тоа од Премиер лигата!

Стигна првата понуда за Анчелоти и тоа од Премиер лигата!

Ќе се врати и Италијанецот во Англија?

Фудбалскиот клуб Вест Хем брзо реагираше и го контактираше Карло Анчелоти, тие се спремни да му понудат на Анчелоти враќање во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Славен Билиќ очајно стартуваше со „чеканите“ и неговиот отказ веројатно е само прашање на време, а доколку Анчелоти ја прифати понудата јасно е дека тоа ќе значи и крај за Хрватот на клупата на клубот од Лондон.

Покрај Анчелоти Вест Хем се обидува да го доведе и Рафаел Бенитез, но Шпанецот во овој момент ги поправи односите со управата на Њукасл и нема намера да го напушти клубот.

Кога во прашање е Анчелоти, сите го поврзуваат со клупата на Милан, а од претходно е познато дека доколку ја избере Кина таму го чекаат многу пари.

Да потсетиме, Анчелоти своевремно беше менаџер на Челзи, клуб со кој стигна до титулата во ФА купот во 2010 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…