Стефан Лихштајнер оди во пензија. Познатиот швајцарски десен бек ја одигра последната сезона во дресот на Аугусбург во Бундеслигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лихштајнер имаше одлична кариера. Од Грасхоперс преку Лил и Лацио стигна до Јувентус каде што ги помина најдобриот денови од кариерата и освои седум Скудета со италијанскиот шампион.
После 10 години во Италија една сезона одигра во Арсенал, а кариерата ја заврши во Аугусбург на 37 години.
Играше во пет различни лиги од кои четири беа топ 5 првенства. За репрезентацијата на Швајцарија запиша 108 натпревари и постигна осум гола.