Дома Фудбал Статистиката вели, Куман е најлошиот тренер на Барселона

Статистиката вели, Куман е најлошиот тренер на Барселона

Холандскиот стратег Роналд Куман доби отказ од кормилото на Барселона после серијата на лоши резултати.

Доколку се погледне статистиката, Куман е најлошиот тренер на Барселона уште од 2003 година кога на кормилото седеше Радомир Антиќ.

Куман како тренер на Барселона беше на 48 натпревари и победи на 28 или со учинок од 58,3 проценти. Полош скор од него има само Радомир Антиќ кој во 2003 година на 18 настапи има само девет триумфи.

Во ерата на Куман, Барселона постигнуваше 2,1 гол по натпревар додека противникот постигнуваше 1,15 погодоци, а екипата во просек на секој натпревар освојуваше 1,96 бода.

Претседателот Лапорта синоќа одлучи да го отпушти Куман, а таа одлука ќе го чини 12 милиони евра кои ќе мора да му ги даде како обештетување на холандскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…