Дома Македонски спорт Мак фудбал Стартуваа подготовките на новиот дом на ФК Вардар! 📸

Стартуваа подготовките на новиот дом на ФК Вардар! 📸

Oпштина Аеродром започна со подготовките за новиот дом на Вардар и „Комити“.

На Фејсбук страна на општината објавена е информација дека е започната реконструкција на теренот кој е предвиден да го користи Вардар за тренирање.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„По иницијатива на градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот Дејан Митески, како и со поддршка на општествено-одговорна компанија, денеска почнаа активностите за реконструкција на фудбалското игралиште во близина на СЦ ,,Јане Сандански”.

Почетниот чекор во насока на обезбедување нов дом за FK Vardar и Komiti Skopje, опфаќа целосна реконструкција на системот за одржување на теренот и поставување нова тревна површина. Со инвестиција на одговорните компании од околу 2 милиони денари, првиот тим и младинските школи на ФК Вардар ќе добијат место на кое ќе можат да ги одржуваат своите тренинзи и натпревари.

Општина Аеродром на дело ја докажува посветеноста кон обезбедување модерни услови за спорт, како и помош и поддршка за клубот кој е гордост на Скопје и Македонија“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Тен Хаг ги обвини фудбалерите и порача: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед вчера доживеа вистински дебакл од 4:0, а по овој пораз на Островот овој…