Дома Фудбал Репрезентации Среброто изгледа означи крај на една генерација: И Модриќ се повлекува!?

Среброто изгледа означи крај на една генерација: И Модриќ се повлекува!?

Големиот успех на Мундијалот и освоеното сребро изгледа значеше и крај на една голема генерација.

Вчера напаѓачот Марио Манџукиќ објави дека се повлекува од репрезентацијата, а медиумите во Хрватска најавуваат дека следен кој ќе се одлучи на таков потег е – Лука Модриќ!

Голем број хрватски медиуми се убедени дека Модриќ ја донел одлуката и наведуваат дека одлуката за официјалното напуштање ќе ја соопшти во текот на наредната. Веројатно Модриќ чека да заврши преодниот рок во Италија (18-ти август) и сагата со неговиот потенцијален трансфер во Интер.

Ќе потсетиме, Модриќ на Светското првенство во Русија беше прогласен за најдобар играч на турнирот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Јамал: Илјада пати сум навредуван на расна основа

Ламин Џамал истакна дека многупати бил на удар поради бојата на кожата. Светски и европски…