Maрио Манџукиќ се прости од дресот на репрезентацијата на Хрватска.
Напаѓачот на Јувентус се огласи преку Инстаграм и порача дека од денес неговото место е помеѓу најголемите навивачи на Хрватска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Драги навивачи секогаш сум сакал повеќе да зборувам на теренот отколку надвор од него. Поради тоа овие зборови ми се малку потешки отколку што ми беше лизгачкиот старт на противникот или трчањето 120 минути. Тешко е бидејќи знам колку радост ми носеа собирите, натпреварите и победите. Тешко е бидејќи ова е конечно и после овие зборови повеќе нема враќање. Сепак, знам дека е време баш за тие зборови…Се простувам од репрезентацијата на Хрватска.
„Колку и среброто да ме наполни со нова енергија, воедно ми е ја олесни оваа невозможно тешка одлука. Доживеамве свој сон, направивме историски успех и притоа почуствуваме неверојатна љубов од навивачите. Тој еден месец, како и дочеците во Загреб, Славонски Брод и цела Хрватска ќе останат најважните спомени од мојата кариера. Тоа беше најубавото патување со репрезентацијата. Пресреќен сум, исполнет и до небо горд на тоа сребро на кое работевме со години, со многу мака, труд, разочарувања и тешки моменти“.
„Нема подобар момент за заминување. Да можеме, верувам дека сите би настапувале за Хрватска додека сме живи бидејќи поголема гордост нема. Но, чуствувам дека моментот да заминам е сега. Го дадов најдоброто од себе, дадов допринос во најголемиот успех на хрватскиот фудбал“.
„Пред 14 години, прв пат како јуниорски репрезентативец го облеков светиот дрес. Од тогаш се запознав, играв и работев со одлични соиграчи, селектори, тренери и луѓе околу репрезентацијата. Сите имавме иста цел – да се даде се за успех на Хрватска. Им благодарам на сите бидејќи секој на некој начин остави трага во мојата кариера. На тој пат со мене секогаш беа моите најблиски на кои им се заблагодарувам за големата поддршка“.
„И на крајот, им блаогдарам на навивачите“.
„Никој од нас не е совршен. Промашував прилики, губев топки и погрешно додадав. Но секогаш давав се од себе и го оставав срцето на терено. Ви благодарам што тоа го препознавме и бевте покрај мене“.
„Од денес моето место е со вас – меѓу најголемите навивачи на Хрватска. Ве сака ваш Манџо“, стои во пораката на Манџукиќ на Инстаграм.