Дома Фудбал Репрезентации Србија „пукна петарда“ на последниот натпревар пред Мундијалот! 🎥

Србија „пукна петарда“ на последниот натпревар пред Мундијалот! 🎥

Фудбалерите на Србија го декласираа Бахреин на гостински терен со резултат 5:1 во пријателски натпревар, кој беше и генерална проба за Србите пред почетокот на Светското првенство.

Двоен стрелец беше Душан Тадиќ, а по еднаш погодија Влаховиќ на асистенција на Тадиќ, како и Филип Ѓуричиќ и Лука Јовиќ. Влаховиќ на теренот помина 45 минути и тоа е големо охрабрување откако се повреди.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Александар Митровиќ, Филип Костиќ и Саша Лукиќ го прескокнаа овој дуел и не беа во конкуренција.

Тренерот Драган Стојковиќ не импровизираше ништо во формациите што ги користеше досега. Првото полувреме Србија го одигра во систем 3-4-2-1, а второто 3-4-1-2. Така Србија без дополнителни повреди и во одлична атмосфера заминува за Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …