Дома Останати Кошарка Србија го сруши светскиот шампион и стигна до бронза на Олимписките игри

Србија го сруши светскиот шампион и стигна до бронза на Олимписките игри

Репрезентацијата на Србија ја победи Германија и ја освои бронзата на Олимписките игри во Париз.

Во мечот за третото место „орлите“ беа подобри од актуелниот светски шампион со 93:83. Србија водеше од почетокот до крајот на натпреварот и заслужено стигна до медалот.

Првата посериозна Србите ја направија кон стартот на втората четвртина кога со серија од 7:0 дојдоа до водство од 14 поени разлика (37:23). Германија успеа да се доближи на неколку пати до осум разлика, меѓутоа во ниту еден момент победата на Србите не се доведе во прашање.

Најдобар на теренот беше Никола Јокиќ со 19 поени, 12 скока и 12 асистенции. Мициќ му беше одлична поддршка со 19 поени, Богдановиќ уфрли 16. На спротивната страна Вагнер запиша 18 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Стеф Кари испиша нова историја во НБА лигата: Со новиот договор урна неверојатен рекорд

Стеф Кари потпиша нов двегодишен договор со Голден Стејт Вориорс вреден 116 милиони долари…