Дома Ракомет Србија во драматичен натпревар славеше над Кореја, но за пласман во следната фаза потребно им е чудо

Србија во драматичен натпревар славеше над Кореја, но за пласман во следната фаза потребно им е чудо

Репрезентацијата на Србија денес ја забележа првата победа на Светското првенство во Германија и Данска.

Србија денес славеше против Кореја со два поени разлика 31:29. Клучниот момент се случи кон средината на второто полувреме кога Србите направија серија од 9:3.

Корејците им правеа огромни проблеми и имаа предност се до 45 минутата (19:22), тогаш следеше серијата во која постигнаа девет гола, а голманот на Вардар, Милосављев запиша неколку клучни одбрани.

Со оваа победа Србија стигна до три освоени бодови, еден помалку од Русија и Бразил во трката за третото место во групата А кое води во следната фаза.

За Србија да помине во следната фаза потребен им е вистинско чудо – да го победат домаќинот Германија, но и да чекаат порази на директните ривали. Франција е фаворит против Русија, додека Кореја би требало да оствари сензационална победа над Бразил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Гидсел брои до 65, Вардар има голман во топ 10 во Лигата на шампионите

Матијас Гидсел има 17 гола предност на врвот на листата на стрелци, додека Милош Валах од …