Дома Останати Кошарка Србија беше на чекор до сензација, САД се извлече

Србија беше на чекор до сензација, САД се извлече

Српската кошаркарска репезентација беше на чекор до победа на американскиот дрим-тим и имаше водство цели 38 минути во полуфиналето на Олимпијадата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Србија имаше двоцифрена предност во повеќе од половина меч. Водеа и со 17 поени разлика, а на полувреме водеше со 54:43. Истата предност ја имаше и на влезот во последната четвртина.

Никола Јокиќ рано во последниот период направи четири лични грешки, па Американците постигнаа неколку лесни поени и успеаа да се вратат.

На само две минути пред крајот на мечот САД првпат дојдоа во водство, кое знаеја како да го задржат до крајот на мечот.

Богдан Богдановиќ мечот го заврши со 20 поени, Јокиќ уфрли 17, додека Аврамовиќ постигна 15 поени. Србија во мечот за бронзата ќе игра против актуелниот светски шампион, Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Aмериканец кој бил дел од НБА ќе го носи дресот на МЗТ!

Македонскиот шампион МЗТ Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а нај…