Mладите српски фудбалер вчера го доживеаа најголемиот срам во својата историја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Селекцијата на Англија до 21 година ги декласираше со неверојатни 9:1. Според информациите на српските медиуми ова е најголем пораз на една српска селекција во официјален натпревар.
Србија никогаш не дозволила поголема разлика од четири гола, а сега фудбалерите до 21 година дозволија да примат девет гола во својата мрежа.
Ништо не најавуваше таква катастрофа кога во 27. минута избраниците на Владимир Ѓорѓевиќ со голот на Лучиќ дојдоа до водство од 1:0. Англичаните израмнија десет минути подоцна, за потоа да ја наполнат мрежата.
Последниот гол го постигнаа во 89. Минуута, па така може да се заклучи дека во 50 минути игра Србија прими девет гола.