Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Списокот составен: Икарди НЕ патува на Светско првенство!

Списокот составен: Икарди НЕ патува на Светско првенство!

Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди нема да биде дел од репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство, тврдат аргентинските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што пренесува аргентинскиот „TyC Sports“ селекторот Сампаоли наскоро ќе го објави списокот од 35 имиња, од кои 23 ќе патуваат на Мундијалот во Русија.

Напаѓачот на Интер нема да биде ни во поширокиот список. Сампаоли не е симпатизер на Мауро Икарди и на крајот ќе го изостави од списокот на патници на Светското првенство.

Наместо него во Русија ќе патува 20-годишниот Лаутаро Мартинез. Стануав збор за напаѓач на Расинг кој од следната сезона ќе настапува во Интер.

Се уште не е познато дали Пауло Дибала ќе патува во Русија, но аргентинските медиуми претпоставуваат дека ѕвездата на Јувентус на крајот ќе се најде на списокот од 23 фудбалери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Неверојатни 300.000.000 евра за една година, никој не е како Реал Мадрид!

Реал Мадрид потпиша неверојатен договор со Адидас, како што Флорентино Перез го нарече, на…