Дома Фудбал Спалети: Сакам да го видам истиот карактер како против Тотенхем!

Спалети: Сакам да го видам истиот карактер како против Тотенхем!

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети призна дека го очекува тежок натпревар утре против Сампдорија и сака да го види истиот караткер кој што тимот го покажа против Тотенхем.

„Сампдорија е тежок противник и има тренер кој практикува модерен фудбал. Трите бода утре ќе означуваат многу повеќе од две победи со ред. Сакам да го видам од Интер истиот карактер и самодоверба како што покажавме против Тотенхем“, изјави Спалети.

„Врсаљко не е на располагање за утрешниот меч, но сите други фудбалери се на линија. Лаутаро Мартинез има потреба од повеќе време за да влезе во форма“, додаде тренерот на „нероаѕурите“.

Интер лошо ја отвори сезоната во Серија А и веќе после првите четири кола запиша два порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома со голманска мака: 19-годишник може да застане пред Јунајтед

Голини е неизвесен поради болки во грбот, а Гасперини би можел да му даде шанса на Џорџо Д…