Дома Фудбал Останато Спалети е пред отказ, а Диего Симеоне сега ги израдува навивачите на Интер

Спалети е пред отказ, а Диего Симеоне сега ги израдува навивачите на Интер

Тренерот на Интер, Лучијано Спалети успеа да ги врати „нероаѕурите“ во Лигата на шампионите што се смета за успех после се што се случуваше во клубот од Милано.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓутоа, од стартот на сезоната не е се така идеално на „Џузепе Меаца“, а големо разочарување беше елиминацијата во групната фаза од Лигата на шампионите каде што им беше потребна против ПСВ (1:1) во последното коло.

За таквата ситуација голем дел од навивачите на Интер го обвинуваат Спалети и посакуваат ново тренерско име на клупата.

Во Интер секако дека би биле посебно воодушевени од едно име – Диего Симеоне!

Повод „нераоѕурите“ да се надеваат дека Симеоне може да седне на нивната клупа им даде изјавата на Аргентинецот за радиото „Анкио Спорт“.

„Имам уште една година од договорот со Атлетико и ни оди навистина добро. Многу пати претходно бев јасен, би сакал да се вратам во Интер и сигурен сум дека тоа ќе се случи еден ден. Лацио и Интер ми останаа во фантастично сеќавање им посакувам се најдобро“, изјави Чоло.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вардар во Норчија се подготвува за европскиот предизвик со Купс! (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар утрово во Норчија одработија уште еден тренинг во текот на припремит…