Дома Топ вести Состанокот завршен, Меси го шокира Куман, но и цела Каталонија

Состанокот завршен, Меси го шокира Куман, но и цела Каталонија

Лионел Меси денес го прекина годишниот одмор за да се врати во Барселона на итен состанок со новиот тренер Роналд Куман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се очекуваше двајцата да разговараат за иднината на Барселона и новиот проект, но зборовите на Меси го шокирале Куман.

Имено, Меси на новиот тренер на Барселона му соопштил дека не ја гледа својата иднина во клубот и не се гледа себе си во новиот проект на Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Капитенот и прва ѕвезда на Барселона отворено му кажал на Куман дека повеќе не се чувствува како дел од тимот, но дека е свесен дека најголем проблем му претставува договорот кој го има со Барселона.

Меси сака уште ова лето да ја напушти Барселона и се чини дека после овој состанок тоа сценарио е се пореално.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Преговорите помеѓу Ман Сити и Родри се прекинати

Манчестер Сити му понудија нов договор на Родри пред повеќе од два месеца, но двете страни…