Дома Фудбал Италија Состанокот договорен, нов договор и двојно поголема плата за младата ѕвезда на Милан!

Состанокот договорен, нов договор и двојно поголема плата за младата ѕвезда на Милан!

„Росонерите“ не сакаат ништо да ризикуваат и спремат нов договор за фудбалерот на кој му се предвидува блексава кариера.

Дефанзивецот, Алесио Ромањоли наскоро би можел да добие нов договор на „Сан Сиро“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ромањоли доаѓа од школата на Рома, во Милан е веќе две години но дури оваа сезона започна да игра како што се очекува. Италијанскиот клуб во еден момент беше спремен да се откаже од неговите услуги, но сега ситуацијата е променета.

Како што пишува „СпортМедијасет“ спортскиот директор на Милан, Масимо Мирабели веќе тргнал во акција. Тој закажал состанок со агентот на 23 годишниот фудбалер, Серџо Берти и сака да му понуди продолжување на соработката и нов подобрен договор.

Новиот договор би имал важност до 2023 година со годишна плата од четири милиони евра. Со оглед на тоа што Ромањоли во овој момент заработува два милиони евра, ова би било двојно зголемување на примањата на дефанзивецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Потврдено новото засилување на Рома!

Французинот Флорен Гизолфи ќе стане нов спортски директор на Рома, објави неговиот досегаш…