Дома Трансфер зона Соработката Мендеш – Јувентус продолжува: Уште еден Португалец пристигнува во Торино

Соработката Мендеш – Јувентус продолжува: Уште еден Португалец пристигнува во Торино

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Бенфика и португалската репрезентација, Рубен Диас.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ се спрема за реновирање на одбраната. Барзаљи ја игра последната година, Бенатиа сака да си замине уште во јануари, додека Киелини е во зрели фудбалски години и потребен му е наследник.

Со оглед на фактот дека го продадоа Калдара, а Ругани се уште не го покажа својот полн капацитет, „бјанконерите“ веќе засилено бараат нови дефанзивци.

Еден од приоритетите е стоперот на Бенфика и португалски репрезентативец Рубен Дијас. Тој има само 21 година, важи за еден од најперпективните стопери во Европа и е на мета на многу европски гиганти.

Дијас во договорот со Бенфика има откупна клаузула од 60 милиони евра, но Јувентус сака да ја намали таа сума со помош на супер-агентот Жорге Мендеш.

Наводно Мендеш веќе работи на трансферот кој би требало да биде комплетиран за 35 милиони евра плус дополнителни бонуси

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…