Дома Фудбал Сопственикот на Арсенал: Венгер е вистинскиот човек!

Сопственикот на Арсенал: Венгер е вистинскиот човек!

Сопственикот на Арсенал, Стан Кронке одговори на се посилните критики кон клубот и неговиот менаџер Арсен Венгер.

Кронке изјави дека верува во квалитетите на Венгер и смета дека Французинот е вистинскиот човек за „топџиите“, притоа ја отфрли можноста да продаде дел од англискиот клуб.

„Кога се носат одлуки треба да се разгледаат различни фактори. Сметам дека донесовме вистинска одлука. Веруваме дека Арсен одлично си ја врши работата и дека тој е вистискиот човек за клубот. Лесно е да се прават тренерски смени“, истакна сопственикот.

„Ние сакаме да освоиме апсолутно се. Во последните 20 години секогаш сме во првата четворка во Премиер лигата. Ниту еден друг клуб не го направил тоа“, додаде Кронке кој е категоричен дека нема намера да ги продаде своите 67% од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи со четири гола ја освои Монца, но Лоботка заврши во болница

Хојлунд ја прекина серијата од осум меча без гол во победата од 4-1, но славјето на Наполи…