Дома Фудбал Англија Солскјер спрема 150 милиони евра за ѕвездите од Бундеслигата

Солскјер спрема 150 милиони евра за ѕвездите од Бундеслигата

Оле Гунар Солскјер веќе започна да работи на засилувањата за следната сезона, така барем тврдат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, мора да почека да се одигра сезоната која е прекината, до крајот, па тогаш да почне да потпишува засилувања.

Солскјер наводно има само две желби, а станува збор за двајца играчи од Бундеслигата, односно Џејдон Санчо и Хаверц.

Ако успее да ги донесе и двајцата тоа скапо ќе го чини Манчестер Јунајтед. Трансфер вредноста на Хаверц се проценува на околу 50 милиони евра.

Од друга страна, Џејдон Санчо би требало да биде многу поскап, а неговата вредност се проценува на околу 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пукање во близина на кампот на фудбалската репрезентација на Англија 

Во пукањето што се случи во раните утрински часови во саботата во близина на базата на анг…