Дома Трансфер зона Солскјер не знае што да прави со Матиќ, а за него се заинтересирани четири големи клуба

Солскјер не знае што да прави со Матиќ, а за него се заинтересирани четири големи клуба

matic

Немања Матиќ оваа сезона изгледа не е во првите планови на тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

Српскиот фудбалер минатата сезона беше стандарден член на првиот тим кога клубот од „Олд Трафорд“ го предводеше Жозе Мурињо. Сепак, почетокот на оваа сезона за Матиќ беше сосема поразличен и тој првите три натпревари од Премиер лигата ги помина на клупата и не влезе во игра, а во последните два натпревари одигра вкупно 89 минути.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По тоа се пишуваше дека е незадоволен со тоа и дека барал состанок со Солскјер, а подоцна се појавија информации дека сака да го напушти Јунајтед, но тоа клубот не му го дозволува. Матиќ е во последните години од договорот и изгледа дека „Црвените ѓаволи“ немаат намера да му понудат нов договор, па така многу клубови се интересираат за него.

Италијанските медиуми пишуваат дека Интер, Милан и Јувентус спремно чекаат да го доведат Матиќ во своите редови, а исто така и Борусија Дормтунд е заинтересирана за него. 31-годишниот фудбалер во 2017. година пристигна од Челзи во Манчестер Јунајтед за нешто помалку од 45 милиони евра, а од тогаш одигра 89 натпревари за овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…