Соиграчот на Андрес Иниеста во Јапонија во иднина добро ќе размисли пред да зборува јавно во медиумите за работи од внатрешноста на клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Дефанзивецот Шунки Такахаши заработи суспензија од еден месец затоа што на јавнота и открил дека Андрес Иниеста нема да настапи против Урава Редс на 23-ти септември.
Такахаши не мислел ништо лошо. Тој му испратил порака на својот пријател кој бил навивач на тој клуб. Во порката напишал дека Иниеста не тренирал и нема да игра. Неговиот пријател таа вест ја објавил на друштвените мрежи .
Локалните медиуми веднаш ги поврзаа работите и веста беше објавена.
Во клубот немале разбирање за Такахаши. Кобе го суспендираше поради прекршување на клупскиот правилник и издавање на клупска тајна.