Дома Трансфер зона Совет за Манчестер Јунајтед: Не го доведувајте Манџукиќ ќе направите голема грешка

Совет за Манчестер Јунајтед: Не го доведувајте Манџукиќ ќе направите голема грешка

До крајот на преодниот рок во Англија останува само два дена и се помалку време има Марио Манџукиќ да го реализира најавениот трансфер во Манчестер Јунајтед.

Помеѓу навивачите на Јунајтед, но и во англиските медиуми мислењата за овој потенцијален трансфер се поделени.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стен Колмор, поранешниот напаѓач на Ливерпул и Астон Вила во својата колумна за „Мирор“ по повод рекордниот трансфер на Хари Мегвар пишуваше и за Манџукиќ.

Колмор го светуваше Солскјер да се откаже од намерата да го доведе Манџукиќ.

„Навивачите се возбудуваат поради големите имиња, но менаџерите се возбудуваат поради делот од колачот. Дали ако Манџукиќ не беше понуден во размена за Лукаку, Јунајтед би го барал? Сигурно не. Не сум сигурен дека тој може да придонесе многу во тимот на Солскјер, Јунајтед треба да се откаже од потенцијално голема грешка“, напиша Колмор.

Преодниот рок во Англија завршува во четврток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Рабио се сели во Премиер лигата

Манчестер Јунајтед и Њукасл покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Јувентус и фра…