Дома Фудбал Германија Со Хејнкес работите се менуваат: Ѕвездата која пристигна во текот на летото стравува за своето место!

Со Хејнкес работите се менуваат: Ѕвездата која пристигна во текот на летото стравува за своето место!

Како што е веќе е познато Јуп Хејнкес по четврти пат пристигнува во Баерн Минхен, но неговото враќање во клубот не ги радува сите фудбалери на германскиот гигант.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Колумбискиот фудбалер, Џејмс Родригез, во клубот пристигна на инсистирање на Карло Анчелоти, а селектор на Колумбија откри дека разговорал со фудбалерот на Баерн Минхен.

„Разговарав со него и му кажав да се смири, бидејќи тој е во голем клуб, без оглед што остана без тренерот кој инсистираше на негово доведување. Но и покрај тоа Родригез не се чуствува пријатно“, изјави селекторот на Колумбија, Хозе Пекерман.

Од друга страна пак Германецот, Томас Милер, со задоволство ќе го пречека Хејнкес.

„Конечно ќе имаме добри тренинзи повторно. Хејнкес ќе ни даде нов мотив. Не се сомневам дека со него се вратиме на победничките патеки“, изјави Милер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Бразилец се онесвести кога дозна дека оди на Светско првенство (Видео)

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил кои на најдобар начин покажуваат колку е значајна фудб…