Јувентус вчера ја победи Болоња со 2:0 во рамките од Серија А, а во овој натпревар видовме уште едно бледо издание на Кристиано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо од рестартот на сезоната во натпреварите од купот на Италија против Милан и Наполи не одигра на потребното ниво, не беше многу поразлично и вчера против Болоња. Во овој натпревар Роналдо постигна гол од пенал, меѓутоа во натпреварот имаше бројни изгубени топки и неуспешни дриблинзи.
Не се прослави и со слободните удари кои веќе некое време не се негова силна страна.
Од коментарите на социјалните мрежи може да се заклучи дека и навивачите на Јувентус бараат Роналдо да престане со изведување на прекините и таа задача да им ја остави на Дибала и Пјаниќ.
Погледнете каде заврши еден слободен удар на Роналдо во вчерашниот натпревар.
Your Goat? Ronaldo the best free kick taker? pic.twitter.com/FRQ1qlym00
— bye (@sacredlifee) June 22, 2020