Дома Фудбал Следните 72 часа клучни за иднината на Челзи

Следните 72 часа клучни за иднината на Челзи

Следните 72 часа можат да бидат решавачки за долгорочната иднина на фудбалскиот клуб Челзи.

Во тоа време треба да биде донесена одлука која од понудите кои се пристигнати да биде прифатена за продажба на клубот.

Според „Мирор“ во моментов битката се води помеѓу тројца кандидати. Едниот е конзорциум на американскиот милијардер Тод Боели, вториот е семејството Рикетс, кој е сопственик на Чикаго Кабс, а третиот е сопственикот на Њујорк Џетс, Уди Џонсон.

Понуда има и од саудиската групација „Сауди Медија Груп“, но во моментов тие не се фаворити за купување на клубот.

До петок, 18 март треба да биде избрана најдобрата понуда за продажба на Челзи, а потоа ќе се чека британската влада да даде специјална лиценца за продажба на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…