Дома Фудбал Англија „Славев гол пред навивачите на Вест Хем и ги видов татко ми и вујко ми како ме навредуваат“

„Славев гол пред навивачите на Вест Хем и ги видов татко ми и вујко ми како ме навредуваат“

Џон Тери целата своја кариера ја помина во дресот на Челзи со кој освои се што можеше да се освои.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тери во младинските категории беше дел од Вест Хем, но во 1995 година се реши да продолжи во Челзи. Тери за „сините“ дебитираше четири години подоцна и за овој клуб играше цели 18 сезона.

Последната сезона во кариерата ја одигра во Астон Вила, а се пензионираше пред две години. Тој е една од иконите на Челзи иако во детството беше навивач на Вест Хем. Поради тоа имаше некои навистина интересни и неверојатни моменти во кариерата.

Неодамна тој раскажа анегдота од дуелот помеѓу Челзи и Вест Хем. Тери тогаш постигна гол против клубот во кои ги направи првите чекори и се реши голот да го прослави пред навивачите на Вест Хем.

„Моето цело семејство навива за Вест Хем. Во една ситуација постигнав гол против нив и го славев пред нивните навивачи. Тогаш во публиката ги видов татко ми и вујко ми како ме навредуваат и викаат на мене. Вујко ми дури ми покажа и среден прст. Мислам и дека постои фотографија од тој момент“, изјави Тери.

Да и во право е, постои фотографија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ и Баерн вчера не поставија рекорд: На еден натпревар во Лигата на шампионите се постигнаа 12 гола (Видео)

Спектаклот во Париз помеѓу ПСЖ и Баерн, кое заврши со резултат 5:4, остави впечатоци кај ф…