Првата овогодинешна трка во спуст која се одржа во француското скијалиште Вал Д’Сере донесе победа на Корина Шутер (Швајцарија).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Таа славеше пред Италијанката Софија Гоги и Американката Брези Џонсон. Но, оваа трка ќе остане запаметена и по страшната несреќа на Австријанката, Никол Шмидхофер.
При голема брзина таа се здоби со тешки повреди удирајќи во заштитната ограда во момент кога се движеше со 115 километри на час.
Помина низ две заштитни огради и излета во околната шума од каде со хеликоптер беше пренесена во најблиската болница.