Дома Трансфер зона „Скај Спорт“ пренесува БОМБАСТИЧНА вест: Агуеро во Челзи?!

„Скај Спорт“ пренесува БОМБАСТИЧНА вест: Агуеро во Челзи?!

Реномираниот британски медиум пренесува вест за потенцијален трансфер на Серхио Агуеро во Челзи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ударната вест која ја лансираа попладнево британските медиуми звучи изненадувачки. Од почетокот на трансфер периодот видовме неколку интересни трансфери, но евентуалниот трансфер на Серхио Агуеро во Челзи, секако дека би бил најголемото изненадување.

Момчето кое во Манчестер Сити е блиску до статусот легенда би можел од „Итихад“ да се пресели во западен Лоднон.

„Скај Спорт“ пренесува дека Челзи сериозно е заинтересиран за Кун Агуеро. Добро познато е дека Челзи сака да доведе напаѓач ова лето, Ромелу Лукуаку заврши во Манчестер Јунајтед, а Алваро Мората најверојатно ќе го избере Милан, па Антонио Конте мора да бара нови мети.

Не треба да се заборави и дека во текот на летото и Андреа Белоти се поврзуваше со „сините“, но евентуалниот трансфер на Серхио Агуеро би ги засенил сите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…