Демба Ба се смири со четвртиот судија од натпреварот ПСЖ – Башакшахир, Колетску и изгледаше дека скандалот во Париз е завршен, но не е така.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Напаѓачот ги надмина недоразбирањата кои ги имаше со Колетску, меѓутоа се уште му е лут и му се закани на Томас Тухел, тренерот на ПСЖ.
„Можам само да им симнам капа на фудбалерите на ПСЖ. Ако сакаа можеа да останат на теренот и да кажат – ние ќе играме. Одлучија да не поддржат. Но, сакам сите да знаат како кон нас се однесуваше нивниот тренер Томас Тухел. Кога ќе се видиме нареден пат ќе се разбереме. Ги обвинуваше нашите играчи за она што се случува на теренот“, изјави Демба Ба.