Дома Фудбал Скандалозна прослава: Фудбалерот на Рома ја прослави победата во римското дерби со знаме на кое навивачите на Лацио беа претставени како стаорци

Скандалозна прослава: Фудбалерот на Рома ја прослави победата во римското дерби со знаме на кое навивачите на Лацио беа претставени како стаорци

Италијанската фудбалска федерација отвори истрага против дефанзивецот на Рома, Џанлука Манчини поради неговата прослава за победата против Лацио.

По римското дерби, во кое Рома победи со 1:0, стрелецот на победничкиот гол, Џанлука Манчини, вееше знаме во боите на Лацио на кое беше насликан голем стаорец.

„Не сакав никого да навредам, го зедов првото знаме што ми го дадоа. Се извинувам“, изјави Манчини.

Претседателот на здружението Габриеле Гравина за италијанските медиуми потврди дека отворил истрага против играчот на Рома.

Доколку биде казнет, ​​Манчини се соочува со парична казна, но и суспензија од неколку натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Олмо може да ја напушти Барселона во јануари: Баерн подготвува изненадувачки потег

Дани Олмо повторно се најде на радарот на еден од најголемите европски клубови. Според инф…