Поранешниот американски кошаркар, Ричард Џеферон во текот на натпреварот поемѓу Голден Стејт и Лос Анџелес Клиперс даде една проблематична изјава.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Вориорси неодамна доживеаа тежок емотивен момент со изненадувачката смрт на Дејан Милојевиќ кој беше дел од стручниот штаб. Во последниот месец тие како да ја подигнаа формата и се вклучија во битка за плеј-инот.
Џеферон кој работи како аналитичар за „ЕСПН“ ја коментираше добрата форма на тимот и таа ја поврза со смртта на Милојевиќ.
„Го поддржаа неговото семејство овој многу тежок момент. Ги видовте маиците, логото на паркетот, но колку и да се ова тажни вести од друга страна ова е нешто што можеби донесе големо заедништво на оваа група, можеби беше нешто што им недостасуваше во тој момент.
Ќе потсетиме, Милојевиќ почина на 17-ти јануари во Солт Лејк Сити како последица на срцев удар.
Can’t believe Richard Jefferson just said that about a man’s death pic.twitter.com/bHXexho0U5
— BrickMuse (@BrickMuse) February 15, 2024