Дома Фудбал Репрезентации Скандал: На руски репрезентативец не му било дозволено да влезе во Косово

Скандал: На руски репрезентативец не му било дозволено да влезе во Косово

Футсал репрезентативецот на Русија, Иван Чишкала кој настапува за Бенфика добил забрана за влез во Косово каде што требало со својот тим да игра во елитната фаза од Лигата на шампионите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Бенфика така на турнирот ќе мора да биде без еден од своите најдобри поединци. При обидот за влез во Косово на патувањето за Приштина на Чишкала му бил забранет влез.

На турнирот Бенфика ќе игра против домаќинот Приштина, Добовец од Словачка и Каир Алмати од Казахастан. Победникот на турнирот ќе обезбеди место на „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите.

Бенфика веќе го одигра првиот натпревар и тоа против Добовец кој го доби со 4:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Се огласи Министерството за спорт: Вардарци ќе бидат казнети за скандалозната прослава! (Видео)

По вчешраното видео на кое фудбалерите на Вардар славеа со навредлива и вулгарна песна ден…