Дома Фудбал Скандал: За место во тимот требало да спијат со селекторот!?

Скандал: За место во тимот требало да спијат со селекторот!?

Голем скандал го тресе фудбалот во Африка и замбиската женска репрезентација, а во центарот на вниманието е селекторот, Брус Мвапе.

Мвапе е обвинет за сексуално злоставување, а целиот случај го истражува и ФИФА, објави „Гардијан“.

Скандалот беше откриен од една од репрезентативките која тврди дека тренерот ги терал фудбалерките да спијат со него, ако сакаат да останат во тимот.

За медиумите се огласи и претседателот на Фудбалскиот сојуз на Замбија, Ендрју Каманга кој потврди дека се е проследено до ФИФА и замбиската полиција уште од минатата година. Истрагата е отворена, но не се открива многу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роден во Белград, но изборот е Словенија: Обриќ доби повик и за дуелот со Македонија

Деветнаесетгодишниот дефанзивец на Аталанта е пред сениорско деби за Словенија, а пораката…