Дома Фудбал Останато Сите се против идејата на ФИФА за Мундијал на две години

Сите се против идејата на ФИФА за Мундијал на две години

Eвропската професионална лига, вклучувајќи ги и најсилните лиги Премиер лигата, Серија А, Лига 1, Бундеслигата, Ла Лига се против идејата на ФИФА Светското првенство да се игра на две години.

Оваа идеја ја претстави првиот човек на Светската фудбалска федерација Џани Инфантино, а за неа зборуваше и Арсен Венгер.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


На состанокот во Нион претставниците на Европските лиги изјавија дека се против Светското првенство да се игра на секои две години, а се очекува Европската клупска асоцијација (ЕЦА) да го одбие овој предлог.

„Фудбалските лиги ќе спречат фудбалските управни тела да донесат еднострана одлука која ќе наштети на домашните натпреварувања и кој се темели на фудбалската индустрија“, стои во дел од соопштението од Европската лига.

Претходно на оваа идеја на ФИФА се спротистави и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лаутаро не е најдобар напаѓач, но е најдобар фудбалер во Серија А

Екипата на Интер сезонава доминантно го освои Скудетото во Италија, па така и издоминира в…