На повидок е нов земјотрес во светскиот фудбал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер изнесе револуционерен план според кој Европското и Светското првенство би се играле на секои две години. На оваа негова идеја стигна одговор од првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин.
„Таа идеја ќе му наштети на фудбалот. ФИФА мора прво да се консултира со континентални фудбалски куќи, потоа со Сојузите, а дури потоа да експериментира. Вредноста на СП и на ЕП е во тоа што се игра на секои четири години, поради што навивачите со нетрпение ги очекуваат“, изјави Чеферин.
Покрај Чеферин со идејата на Венгер не се согласува и КОНМЕБОЛ, наводно и тие би можеле да бојкотираат ако дојде до реализација на такво нешто.