Дома Македонски спорт Сите играчи ќе останат во Вардар, треба да се разговара само уште со Дибиров и Томовски

Сите играчи ќе останат во Вардар, треба да се разговара само уште со Дибиров и Томовски

На денешната прес-конференција на која претседателот Михајло Михајловски зборуваше за ситуацијата во Вардар, беше потврдено дека скоро со сите играчи има договор да останат.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сите играчи што се сега во екипата ќе останат, само останува уште да се разговара со Дибиров и Томовски.

„На мое задоволство и на сите присутни целата екипа освен странците што беа најавени ќе останат. Треба да зборувам само уште Дибиров и Томовски кои не се во Македонија. Се надевам дека и Дибиров и Томовски ќе останат, па така очекувам да имаме конкурентна екипа за домашните натпреварувања и СЕХА лигата каде што е потврдено дека ќе играме“, изјави Михајловски.

Сепак се потенцираше дека играчите кои требаше да пристигнат и со кои беа потпишани договори нема да го засилат тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …