Фудбалските тренери и фудбалери во светот често пати знаат да упатуваат критики кон Манчестер Сити и Пари Сен Жермен, клубови кои трошат огромни суми на засилувања.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сепак, тренерот на „светците“, Унаи Емери смета дека клубовите во Европа треба да им бидат благодарни на Манчестер Сити и ПСЖ и потсети дека Реал и Барса се обидувале да го доведат Мбапе.
„Благодарение на ПСЖ Мбапе остане во Франција, тој имаше понуди од Барселона и Реал Мадрид. Голем дел од фудбалската јавност смета дека овој избор Мбапе го направи од финансиски причини, но според мене тоа не е точно. ПСЖ и Манчестер Сити се клубови со навистина голем капацитет и можат да создаваат нови имиња, токму затоа сите клубови треба да им бидат благодарни“, изјави Емери.
Иначе, Емери и ПСЖ во среда ги очекува натпреварот од 1/8 финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.