Дома Фудбал Синот на Анчелоти е клучен во соблекувалната на Реал. Шпанците ги открија неговите задачи

Синот на Анчелоти е клучен во соблекувалната на Реал. Шпанците ги открија неговите задачи

Реал Мадрид во драматичен натпревар и пенали во Манчестер го победи Сити и им се придружи на ПСЖ, Борусија и Баерн во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Во полуфиналето ќе играат против Баерн. Шпански Relevo го анализира настапот на Реал во Англија ден по натпреварот. Реал беше подреден во текот на сите 120 минути од реваншот на „Етихад“, а Сити очекувано доминираше по посед и создаваше шанси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, мадридскиот клуб успеа да помине, а Релево смета дека Давиде Анчелоти (34) е клучна личност во соблекувалната на мадридскиот клуб. Синот на Карло Анчелоти работи како асистент во клубот: „Улогата на Давид Анчелоти во Реал Мадрид е клучна во соблекувалната. Тој е задолжен за тренинзите и е тактички столб во плановите на Анчелоти“.

Релево додава: „Давиде за време на синоќешниот натпревар постојано се движеше низ тренерскиот простор и бараше решенија“.

Давиде зад себе има скромна играчка кариера. Пред 15 години беше член на Милан, но никогаш не заигра за славниот клуб. Како играч беше член и на нисколигашот Боргоманер, а од 2016 година работи со својот татко. Првата работа му беше во Баерн, а потоа го следеше татко му во Наполи и Евертон.

Давиде има и УЕФА про лиценца, која ја стекна минатото лето. Тоа значи дека тој може самостојно да тренира клуб. Тој е опишан како модерен и прогресивен тренер, кој го дели мирниот и опуштен пристап на неговиот татко кон водењето на групата.

На почетокот работеше како кондициски тренер кој ги загреваше играчите пред натпреварот. Кога се на работа никогаш не го нарекува „тато“ и често има различни идеи од него. Италијанците тврдат дека тој секогаш го кажувал своето мислење и дека тој е една од најважните причини за успехот на Карло во последните години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…