Дома Трансфер зона Симеоне најде замена за Суарез

Симеоне најде замена за Суарез

Атлетико Мадрид работи на трансферот на уругвајскиот напаѓач од Бефика, Дарвин Нуњес, пренесуваат шпанските медиуми.

Приоритет на Атлетико во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, кој ќе треба да го наследи Луис Суарез.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Суарез заминува ова лето, а најголема желба на Симеоне е токму неговиот сонародник Дарвин Нуњес.

Нуњес ја воодушеви фудбалска Европа со своите настапи во дресот на Бефика и интерес за него покажуваат многу европски гиганти.

Атлетико сака да ја победи конкуренцијата, веќе стапил во контакт со неговиот агент и спрема понуда од 70 милиони евра.

24-годишниот Нуњес оваа сезона постигна 34 гола на 41 меч и Бенфика за неговата слобода бара 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн Минхен спреми рекордна понуда за Тео Хернандес

Баерн Минхен на лето најверојатно ќе остане без Алфонсо Дејвис, па веќе ја започна потрага…