Дома Фудбал Останато Силва: Кога прифатив да дојдам во Челзи Лампард ми испрати наша заедничка фотографија

Силва: Кога прифатив да дојдам во Челзи Лампард ми испрати наша заедничка фотографија

Tиаго Силва откри дека Френк Лампард му испратил заедничка фотографија пред да дојде во Челзи.

Овој 36 годишен стопер на „Стенфорд Бриџ“ пристигна како слободен играч на крајот на минатата сезона кога го напушти ПСЖ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на лондонскиот клуб, Лампард со неговото доаѓање сакаше да го зголеми искуството во одбраната. Сега Силва откри дека Лампард му испратил заедничка фотографија од нив двајца како се ракуваат како капитени на Англија и Бразил пред натпреварот на „Маракана“ во 2013 година.

„Кога се согласив да дојдам во Челзи тој ми испрати фотографија како се ракуваме како капитени на „Маракана“ пред пријателскиот натпревар помеѓу Бразил и Англија. Тоа беше големо изненадување за мене затоа што не се сетив на тој натпревар. Горд сум што ме тренира поранешниот играч против кој сум играл и кој спаѓа помеѓу најдобрите играчи за врска во светот“, изјави Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кубарси потпишува нов договор со астрономска откупна клаузула

Новото откритие на Барселона, Пау Кубарси наскоро ќе потпише нов договор со клубот со астр…