Дома Фудбал „Сигурен сум 100% дека Инфантино стои зад Суперлигата, со проектот дефинитивно не е завршено“

„Сигурен сум 100% дека Инфантино стои зад Суперлигата, со проектот дефинитивно не е завршено“

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас истакна дека зад Суперлигата стои првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.

Шпанецот е убеден дека името на Инфантино може да се најде во тајните документи за организацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сигурен сум 100% дека Инфантино стои зад Суперлигата. Му го кажав тоа и него и сега го повторувам“, изјави Тевас.

Тебас додаде дека Ла Лига нема механизам да ги казни Реал Мадрид и Барселона.

„Федерацијата и припаѓа на УЕФА, но не и првенствата тие се самостојни. Верувам дека сите клубови од Суперлигата се свесни дека направија грешка, најлоша казна за нив е реакцијата на навивачите. Проектот сега пропадна, но дефинитивно не е се завршено“, тврди првиот човек на Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…