Дома Фудбал Сетиен уште на првиот натпревар сруши рекорд на Барса

Сетиен уште на првиот натпревар сруши рекорд на Барса

Фудбалерите на Барселона синоќа на свој терен ја победија Гранада со минимални 1:0 во натпревар од 20. коло во шпанската Ла Лига.

Барселона дури во финишот на натпреварот успеа да го скрши отпорот на гостинскиот тим, а херој повторно беше Лионел Меси, кој по одлична акција успеа да ја затресе мрежата на Гранада за 1-0.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На клупата на каталонскиот клуб дебитираше Кике Сетиен кој пред седум дена стигна на местото на Валверде. Играта на Барса не беше најдобра, но веднаш се виде што најмногу ќе бара Сетиен од својот тим.

Со оглед дека е обожавател на филозофијата на Барса веќе во првиот натпревар побара од своите играчи што поголем посед и максимална контрола на теренот. Веќе на првиот натпревар на клупата на Барса овој тренер успеа да постави нов рекорд.

Имено, Барселона имаше неверојатни 1005 додавања против Гранада, најмногу во историјата на овој тим во еден натпревар. Пред Барса единствено е Баерн кој под водство на Пеп Гвардиола пред шест години на натрепварот против Херта запиша 1033 додавања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поради политички скандал откажано полуфинале: На Мароканците им се одземаа дресовите, немаа со што да играат

Со дипломатски скандал беше откажан првиот полуфинален натпревар од Купот на африканските …