Клубовите кои се натпреваруваат во Серија А започнаа разговори за можно намалување на бројот на екипи во лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најдобрите италијански клубови инсистираат на намалување на конкуренцијата во првенството поради најавениот нов формат на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Се плашат од дополнително пополнување на распоредот. Како аргумент го користат и тоа што германското првенство се игра со 18 клуба, два помалку од италијанскиот шампионат.
Клубовите од средината на табелата, а особено оние од долниот дел, стравуваат дека одлуката дополнително може да им ги намали шансите за останување во Серија А, но и да им нанесе финансиска штета, особено во однос на ТВ правата.
За да се донесе одлуката за намалување на бројот на клубови ќе бидат потребни 14 гласа.