За време на репрезентативната пауза нема многу нови информации, па така францускиот весник „Екип“ да направи истражување да открие кои се најплатените европски фудбалери.
Во ова истражување не се вбројуваше Саудиска Арабија каде што преминаа бројни европски ѕвезди, ниту пак МЛС лигата за која се одлучи Лионел Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ќе започнеме 10. место кое го делат неколку фудбалери. Интересно, сите тие настапуваат во Шпанија. Во прашање се Јан Облак, тандемот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор и Џуд Белингем и Илкај Гундоан, тие имаат месечни примања од 1.670.000 евра. ,
На деветтото место е Рафаел Варан, на кого Манчестер Јунајтед месечно му плаќа 1.720.000 евра, а истиот клуб на Касемиро му дава 1.770.000 евра. Толку заработува и најплатениот фудбалер на Ливерпул Мохамед Салах, па Бразилецот и Египќанецот го делат седмото место.
Роберт Левандовски е шести најплатен фудбалер во Европа со 1.870.000 евра месечно, а зад него е Давид Алаба кој заработува 1.880.000. Ерлинг Халанд е на четвртото место и заработува 1.900.000 евра месечно од својата плата, но Норвежанецот често зема бројни бонуси врз основа на неговите настапи, па неговите примања надминуваат 3.000.000 евра, што би го донело на второто место на оваа листа. Таму моментално е Хари Кејн со 2.100.000 евра месечно.
Третото место е резервирано за Кевин де Брујн чија основна плата е 1.900.000, додека убедливо на врвот е Килијан Мбапе кој во ПСЖ заработува шест милиони евра месечно, тука се и разните бонуси, па јасно е дека заработката на Мбапе е и поголема.
На списокот нема ниту еден фудбалер од Серија А, што доволно говори за финансиската (не)моќ на тамошните клубови.