Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Летонија знае против кого игра: Пандев е врвна класа, минатиот викенд му даде гол на Јувентус

Селекторот на Летонија знае против кого игра: Пандев е врвна класа, минатиот викенд му даде гол на Јувентус

Македонија утре ги започнува квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а прв противник ќе ни биде Летонија против која ќе играме на домашен терен.

Летонците веќе пристигнаа во Скопје, а денес на прес-конференцијата зборуваше селекторот на оваа репрезентација Славеша Стојановиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Стојановиќ кој е селектор на Летонија еден месец е свесен дека Македонија е фаворит во овој натпревар, а го истакна и јубилејот на нашиот капитен Горан Пандев кој утре ќе го одигра 100-тиот натпревар во дресот на репрезентацијата.

По тој повод Пандев утре ќе истрча со специјално дизајнирани копачки (ФОТО ТУКА).

„Добро ја познавам Македонија и играчите на оваа репрезентација. Тоа се фудбалери кои играат во меѓународните лиги. Во Лигата на Нации одиграа одлично и беа први во својата група. Во овој натпревар јубилеј ќе слави и Горан Пандев. Пандев е фантастичен играч, зборуваме за играч од врвна класа, минатиот викенд му даде гол на Јувентус. Македонија е фаворит, но ние ќе направиме се што можеме за поволен резултат бидејќи сакаме добро да ги започнеме квалификациите“, изјави Стојановиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…