Дома Фудбал Селекторот на Исланд до Романците: Се враќам по пиво тука ако ја запреме Македонија!

Селекторот на Исланд до Романците: Се враќам по пиво тука ако ја запреме Македонија!

Репрезентацијата на Исланд ќе биде последната пречка на Македонјија за баражот за пласман на Светското првенство.

Вчера Исланд ни заврши голема работа одигрувајќи 0:0 со Романија не остави сами да решаваме во последното коло. За баражот не зависиме од никого и потребна ни е било каква победа во недела.

„Натпреварот со Романија беше тесен и ние имавме свои шанси. Знам колку им беше важен овој натпревар и се надеваа на победа. Некој пред натпреварот ме праша дали би бил задоволен со 0:0, мојот одговор беше да. Се надевам ќе играме добро со Македонија затоа што Романците беа навистина пријателски расположени и сакаме да им помогнеме. Ако извлечеме позитивен резултат во Скопје се враќам тука да ми купите пиво“, порача селекторот на Исланд Арнар Видарсон.

Македонија ќе биде фаворит во недела во Скопје. Ќе потсетиме на последниот натпревар во Рејкавиќ со Исланд одигравме 2:2 откако претходно ние имавме водство од 0:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Сити го следат Ливраменто: Договорот е клучот за можен трансфер

Њукасл сака да го задржи Тино Ливраменто, но застој во преговорите за продолжување на дого…