Дома Фудбал Репрезентации Селекторот на Грузија самоуверен: Со ваква игра одиме на победа и во Скопје!

Селекторот на Грузија самоуверен: Со ваква игра одиме на победа и во Скопје!

Грузија вчера во Разград забележа победа против Бугарија од 2:5 и така со импресивна гол-разлика од 9:2 влегува во натпреварот против Македонија в четврток во Скопје.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Дефинитивно натпреварот во Скопје ќе биде и тоа како важен во битката за првата позиција. Селекторот на Грузија Вили Сањол по вчерашниот триумф беше полн со самодоверба.

„Моите фудбалери покажаа дека поседуваат победнички менталитет, се бореа за секоја топка во секој дел од теренот. Но, сега овој одличен меч останува зад нас и веднаш ќе започнеме да се спремаме за следниот натпревар со Македонија. Ќе гостуваме во Скопје, а прво ќе треба да се одмориме и да ја вратиме силата. Во Македонија се надевам дека ќе игра ме на нашето ниво и со исти емоции ќе дојдеме до посакуваните три бода кои би ни биле од голема важност“, изјави Сањол.

Натпреварот помеѓу Македонија и Грузија се игра в четврток од 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Перез против сите: Го сака Мурињо повторно во Мадрид, операцијата започнала!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го гледа португалскиот тренер Жозе Мурињо …