Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски: Редно е да го елиминирам Малме и како тренер!

Седлоски: Редно е да го елиминирам Малме и како тренер!

Тренерот на Вардар, Гоце Седлоски е задоволен од жребот во второто коло од квалификациите за Лига на шампиони.

Македонскиот шампион за противник го доби Малме, а Седлоски вели дека шведскиот шампион бил негова желба.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Сите тимови се силни, но Малме беше еден од ривалите кои потајно ги посакувавме. Противникот не е наивен. Шампионот на Шведска има многу познати играчи од својата земја, но и од Данска, Норвешка… Минатата година играа во групната фаза од ЛШ и тоа доволно зборува за нивниот квалитет“, изјави Седлоски.

Седлоски има одлично искуство со шведскиот шампион, бидејќи како играч го елиминираше овој тим.

„Ги елиминирав од Купот на УЕФА. Тоа беа два големи натпревари кога играв за Хајдук. Во Сплит победивме со 3:2, а јас бев стрелец на еден гол. Во реваншот победивме со 2:0. Сега е ред да ги елиминирам и како тренер“, изјави Седлоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Миовски пресреќен: Наградите се доказ дека се правам од срце

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски зад себе има одлична сезона во дресот на Абердин, клубо…