Дома Македонски спорт Мак фудбал Седлоски не се појави на прес, па даде изјава за клупскиот сајт: Автоголот промени се

Седлоски не се појави на прес, па даде изјава за клупскиот сајт: Автоголот промени се

Санта Клара беше фаворит против Шкупи и ја оправда таа улога со победата од 3:0 во Скопје.

После овој натпревар вчера изненадувачки тренерот на Шкупи Гоце Седлоски не се појави на редовната прес-конференција. Што е во прашање засега не се знае.

Седлоски после натпреварот даде само изјава за клупскиот сајт.

„Сакам да и честитам на Санта Клара, навистина се добар тим. Автоголот промени се, фудбалерите не одиграа лошо. Имаме 90 минути пред нас треба да бидеме професионални и максимално да одиграме до крај“, изјави Седлоски.

Реваншот во Португалија е закажан за 29. јули.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Канатларовски ја спореди школата на Вардар од 1985 со односот на младите денес

Драган Канатларовски се наврати на лекциите од поискусните соиграчи во Вардар и на разлики…